Избега затвореник при транспорт, чуварите застанале да си купат сендвичи

by fokus

Пред повеќе од еден час затвореникот Фидан Исени успаеал да им избега на двајцата чувари, кој од Клиничкиот центар требале да го вратат назад во затворот „Идризово“.

Затвореникот го искористил невниманието на чуварите, кои според директорот на затворот Боби Мојсовски ја смениле рутата на движење.

-Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Мојсовски во изјава за „Фокус“, кој додава дека чуварите ќе бидат суспендирани.

Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно насилство, криумчарење на мигранти.. Затвореникот бил повратник, а досега одлежал една година и шест месеци од казната.

В.В.

Поврзани новости