За 4 години, двојно е зголемен бројот на претставките кои биле поднесени до Комисијата за заштита од дискриминација. Лани е констатирана дискриминација по личен и општествен статус, телесна попреченост, пол, а вознемирување е констирано по основ на сексуална ориентација и политичка припадност, стои во извештајот.
Проблемите, според претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски, се по сите основи, но најчесто во делот на работните односи. По однос на основите предводи дискриманицијата по етичката припадност, личен и општествен статус, возраст и здравстена состојба.
Лани биле доставени 106, додека претходната 2013 година имало 83 претставки. Најголем број претставки се во областа на работата и работните односи, за што се доставени 42 претставки, што е за шест повеќе од 2013 година. Двојно зголемување на претставките има кај социјалната сигурност, односно во 2014 година има 18, а претходната година имало девет, додека намалување има само во образование, наука и спорт од 10 во 2013 на пет претставки лани.