Министерот Никола Димитров информира дека заглавените македонски превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, а на пат кон дома се и патниците кои со часови чекаа на границата меѓу Унгарија и Србија.
-Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија.
Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија.
Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома!, напиша Димитров.
Истата информација на фејсбук ја сподели и премиерот Оливер Спасовски.
-Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во конвој кон Македонија.
Се за граѓаните!, напиша Спасовски.