2K
Една докторка, инфектолог, дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница, а исто така и докторката која го раководеше Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно, рече Филипче.