Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах и министерот за правда Марко Бушман ги подготвија мерките за корона за зимата.
Новите мерки, кои би се применувале од 1 октомври годинава до 7 април следната година, предвидуваат покраините да можат да ја вратат обврската за носење маски во угостителските објекти, кината, театрите, јавниот превоз, болниците.
Алтернатива на тоа е негативен тест или потврда за опоравување или вакцинација, која не е постара од три месеци. Тоа значи дека дури и оние кои примиле бустер доза ќе мора повторно да се вакцинираат.
Четвртата доза моментално се препорачува само за лица над 60 години и медицински персонал.
Бушман и Лаутербах порачаа дека училиштата нема да бидат затворени, но дека доколку е потребно одржување на наставата, ќе воведат обврска за носење маски.
Германските власти имаат намера, и покрај жестоките критики, да одржат задолжителен карантин за заразените лица, пренесе Блиц.рс.