955
Две возила на Брза Помош пред малку пристигнаа пред Градската општа болницата “8 Септември”.
Во моментот таму се хоспитализирани 38 пациенти, но постојано се носат нови сомнителни случаи. Според информации на “Фокус”, сите пациенти кои се со покачена телесна температура се препраќаат во оваа болница.
Фотографот на “Фокус” предмалку затекна две возила на Брза Помош, кои пристигнаа од непознати дестинации.
Фотографии: Томислав Георгиев