1.1K
Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Слободен печат“ Бранко Героски беше посипан со боја од страна на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо пред скопското кафуле „Манда“. И двајцата се појавија на закажаниот термин денеска откако претходно преку социјалните медиуми најавуваа пресметка.
Геровски дојде со документи во рацете и кога почна да му ги презентира на Палевски, овој истури боја врз него.
-Наместо да се тепам, еве ти ја твојата шарена револуција – му рече Палевски на уредникот на „Слободен печат“ и си замина.