ФОТО: Почна гласањето за шеф на Организиран

by fokus

Утринава во 8 часот започна гласањето на пет гласачки места за избор на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Право на глас имаат 163 обвинители, кои ќе бираат меѓу четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на Организиран, Вилма Русковска.

Согласно Законот за јавното обвинителство, право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето ќе се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

-Се гласа на пет избирачки места во целата држава. Во скопското Вишо јавно обвинителство гласаат 91 обвинител од вкупно 163 во целата држава, значи најмногу. Можноста на непосредни избори да се бира раководител на едно обвинителство сигурно е значајно и претставува поголема одговорност, изјави обвинителот Јован Цветановски, претседател на Изборната комисија на гласачкото место во Вишото скопско обвинителство.

В.В.

Поврзани новости