853
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека Комисијата за имунизација донела препорака да се врши вакцинација и со трета доза, за одредени групи на граѓани.
-Се препорачува трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници, без разлика на возраста, и кај сите граѓани кои имаат имуно компромитирана состојба. Засега тоа ќе биде со вакцината Фајзер, истакна министерот Филипче, додавајќи дека треба да се поминати шест месеци од втората доза.