Филипче до граѓаните кои се вакцинираа со АстраЗенека: Несаканите ефекти се благи и траат еден ден до два

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче сподели информација кој ќе им биде од корист на сите граѓани кои примија доза од вакцината на АстраЗенека.

-За сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.

По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.
Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата, напиша министерот Филипче на фејсбук.

За повеќе информации ги упати граѓаните на официјалниот вебсајт
https://kovid19vakcinacija.mk/za-vakcinite/

Поврзани новости