518
Фарик Арслани денеска беше избран за нов шеф на Вишото обвинителство во Гостивар, односно ќе го замени Ислам Абази, кој пак неодамна беше избран за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Во трка за оваа позиција беа тројца кандидати, односно Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан).
Арслани до неодамна беше член на Советот на јавните обвинители, но си поднесе оставка поради поднесената кандидатура за местото на Абази. Поради влогот кој го направи Арслани, односно поднесената оставка, речиси беше сигурно дека тој ќе биде новиот шеф на Вишото во Гостивар.