684
Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи.
– Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта, нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија што предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите.
Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината Фајзер/Бинтек, се ефикасни против тој сој.
– Имаме алатки и мора да ги користиме за да го спречиме новото ширење на вирусот, рече Фаучи.