943
Д-р Страшо Костов од Кавадарци, пензиониран лекар по општа медицина ја изгуби битката со корона вирусот. Тој почина во својата 71-ва година, само една недела откако и неговата сопруга почина од последици на Ковид-19.
За него кавадарчани имаат само пофални зборови, како за човек кој го посветил животот на пациентите и со љубов работел на својата професија.
Во Кавадарци вирусот не стивнува. Денес се регистрирани 13 нови случаи, 20 во Неготино, и по еден во Демир Капија и Росоман, на возраст од девет до 76 години.
Од почетокот на пандемијата во Тиквешко се инфицираа дури 2.195 лица, од кои 1.466 во Кавадарци и 729 во Неготино.
Вики Клинчарова