617
Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира 18 новозаболени лица од Ковид-19, 17 од Куманово и еден од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Починати се двајца пациенти, на 64 и 72 години, во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
– Меѓу новозаболените има тројца здравствени работници, две медицински сестри од болницата и еден лекар кој работи во Скопје. Останатите се контакти на веќе заболени лица, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот.
Денеска се направени 38 тестирања, од кои 20 по „Мој термин“ и 18 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион дијагностицирани се 1312, а во моментов се активни 301 случај.