Дури 80 куршуми биле пронајдени во џеповите на убиецот од Цетиње

by fokus

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ, по неговата смрт откако изврши масакр и уби 12 сограѓани и ранување на уште четворица, во Цетиње.

Покрај муницијата, во неговиуот пиштол биле пронајдени уште неколку крушуми калибар 9 милиметри. Според сите докази, тој планирал да го продолжи масакрот.

Мартиновиќ вчера нешто по 17 часот и 30 минути во кафаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар уби четири лица. Потоа убил уште четири лица и ранил едно лице во Бајице, потоа уби две деца во населбата Хумчи, а потоа ја убил својата сестра и уште едно лице во регионот Доњи.

Меѓу убиените има три жени и две момчиња, двајца браќа на возраст од 10 и 13 години.

Поврзани новости