Дојава за бомба одложи настан на кој требаше да присуствува и премиерот Ковачевски во Александар Палас

by fokus

Утринава закани за поставени бомби се добиени и во хотелот „Александар Палас“.

Персоналот и гостите во хотелот „Александар Палас“ се надвор, пред објектот. Таму, за 10 часот претпладнево, беше најавено отворање на конференција во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанска комора на Северна Македонија на која треба да се обратат премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими.

Поврзани новости