До крајот на денов, како и утре ќе имаме променливо облачно и релативно студено време, во северните и во североисточните предели и тоа особено на планините и на повисоките места ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.
Потоа во петок ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, ќе биде релативно суво. За време на викендот пак нашата територија ќе биде зафатена од многу постуден воздух од североистокот на Европа, токму поради ова и температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање. Ќе има и повремени локални врнежи од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Минималните температури за викендот и тоа особено од недела, понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Многу ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 во сабота и од -4 до 5 во недела.
Многу студеното време ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Токму поради ова доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесете топла облека со цел да се заштитете од изразениот студ.
Подготви: Славчо Попоски