76
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на првата прес-конференција во 9.30 часот соопшти дека има податоци за излезноста до 9 часот само за 23 отсто од гласачките места на денешното гласање од првиот круг на претседателските избори.
„До 9 часот, според податоците на ДИК, во 23 отсто од избирачките места, гласале 15.487 илјади гласачи, што изнесува 3,85 oтсто вкупно запишаните на 402 илјади избирачи“, рече претседателот на ДИК.
Тој информира дека се поднесени 12 приговори за заштита на лично гласачко право, кои ќе бидат проверени во списоците на ДИК и доколку има повреда, ќе бидат известени одговорните лица на гласачките места и тие лица ќе можат да го остварат гласачкото право.