Димитров до Милошоски: Гладна кокошка, просо сонува!

by fokus

Министерот за надворешни работои, Никола Димитров, синоќа му испрати порака на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонијо Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема за брзо време да се вратат на власт.

„Гладна кокошка, просо сонува …“, кусо искоментира Димитров на својот профил на Фејсбук, а потоа додаде во коментарите „Ќе пораснеме, па што сака нека биде. Ќе се радуваме на успесите на сите наши. И ќе научиме да се поддржуваме меѓусебно“, напиша Димитров по настапот на Милошоски на телевизија Телма.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.

-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Поврзани новости