Детето, кое излетало од автомобилот пред да падне во Вардар, не е во животна опасност

by fokus

По тешката сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излета од патот кај селото Рашче и падна во Вардар, луѓе кои се нашле на местото пронашле четиригодишно дете кое било во автомобилот, а според неофицијални информации, излетало од возилото пред тоа да падне во реката.

Детето прво било однесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а оттаму потоа во Клиничкиот центар, соопшти полицијата.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазо Јовчески, детето нема повреди кои би му го загрозиле животот.

Предмалку беа пронајдени три тела во автомовилот кој беше извлечен од Вардар, а се уште се трага по четвртиот патник.

Поврзани новости