Дамева се враќа на чело на Судскиот совет, Георгиев си поднесе оставка

by fokus

Судскиот совет за во 15 часот закажа итна седница на која ќе биде постапено по одлуката на Управниот суд, односно на претседателското место треба да биде вратена разрешената Весна Дамева. Актуелниот претседател Сашко Георгиев пак е предвидено да поднесе оставка.

– 471-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 03.01.2024 година, со почеток во 15,00 часот.

1.Констатирање на престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет на РСМ, по сопстевно барање;

2. Постапување по одлука на Управен суд и

3. Разно., се наведува во дневниот ред.

Управниот суд донесе пресуда според која разрешувањето на Дамева било незаконско и не било образложено.

Поврзани новости