Да се гради објектот пред Холидеј Ин, жителите на Ново Мало поднесоа петиција до Влада и Општина Центар

by fokus

Жителите на Ново Маало денеска поднесоа петицијата до Општина Центар и до Владата. Со таа петиција на која се потпишани неколку стотици граѓани од ова маало бараат, како што велат, постапување согласно законите и реализација на проектот Гранд Скопје, предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин.

Собирањето на потписите од петицијата почна изминатиот викенд.

„Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување. Доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излеземе на протест, да ја блокираме работата на Општина Центар, секако на цивилизиран начин, како и да поднесеме тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур, известија тогаш.

Поврзани новости