Високи полициски службеници, наводно од тимот на Наќе Чулев, а вработени во Бирото за јавна безбедност, предмалку се повикани да дадат исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Според информации на Фокус од обвинителството, четворица полицајци, се повикани поради сомнеж за протекување на ПИМ мерки за случајот “Поткуп”.
Полицајците не се уапсени, туку одземени им се само мобилните телефони.
Акцијата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Во случајот “Поткуп” беше обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во 2018 година доби ослободителна пресуда.
Докази, од овој случај, обезбедени со употреба на Посебни истражни мерки протекуваа во јавноста, што пак е забрането со закон.
Од обвинителството повеќе детали најавуваат за утре.