Екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров, Оливер Поповски и Митко Пешов од МВР повторно одат во притвор во Истражниот затвор Шутка откако вчера против нив беше покренато обвинение за крававите настани од 27 април, информираа од Кривичниот суд.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП“ – се наведува во соопштението од судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.