Обвинителството беше во клиничка смрт, СЈО ги освести. Сепак сѐ уште сме во магловита ситуација, од која профитираат обвинетите од СЈО. Очигледно е дека секоја случајност е намерна, но СЈО мора да продолжи да постои. Не смееме да го простиме криминалот, смета професорката Гордана Бужаровска, која вели дека СЈО се бори за местото под сонцето, кое веќе го докажа.
-Кај нас криминалец сте за 200 евра, а за 2 милиони сте нешто повеќе. Ни треба долгогодишни казни затвор за обвинетите од СЈО. Треба конфискација на имот. Немаме правичност. Сѐ уште сме во матна состојба дали треба да постои СЈО или не, изјави Бужаровска на денешната дебата во МАНУ, за реформите во обвинителството.
Таа истакна дека и највисокиот суд, мислејќи на Врховниот, се става во функција на политиката, а не на правдата, кога одлучил да расправа за иницијативите за законитоста на бомбите.