656
Рекордниот број на заразени со корона вирусот, 182, кој беше регистриран вчера, произлегува од 14 кластери, односно од 14 фамилии, во кои имало по неколку заразени. Ова за “Фокус” го откри директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова.
– Од 15 мај, заклучно со вчерашниот ден, ДСЗИ има издадено 835 решенија за домашно лекување и самоизолација и 2.424 решенија за здравствен надзор и самоизолација на лица по основ на контакти.
Вчерашниот број од 182 заразени покажува 14 кластери/ фамилии, со позитивни членови од двајца до 10 лица. За контактите од вчерашните позитивни се уште се во тек епидемиолошките анкети, изјави Бухова за “Фокус”.
Денеска пак беа регистрирани нови 125 заразени од корона вирусот.