Бугарија времено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека, жена починала неколку часа по вакцинирањето, се истражуваат причините за смртта

by fokus

Бугарија времено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека откако 57-годишна жена почина само неколку часа по аплицирањето. Станува збор за превентивна мерки, додека не се открие точната причина за смртта.

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов појаснува дека жената била обезна и имала претходни болести на срцето. Но, кај неа не се појавила тромб каков што беше случајот со смртните случаи во Австрија.

-Фателен исход за 57-годишна жена кој се случил во неговиот дом, изутрината во 03:00 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се прибрала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.

Сепак, вели дека само тројца на 1.000 вакцинирани пријавиле нуспојави од вакцините.

Поврзани новости