Бред Пит се појави облечен во смокинг и патики во Венеција

by fokus

Бред Пит присуствува на Венецискиот филмски фестивал во необична улога, не како актер туку како продуцент на е еден од најочекуваните филмови на Мостра – „Русокоса“ на Ендрју Доминик, кој синоќа доби долги 14-минутни овации за време на светската премиера . Филмот е уште еден биографски филм за прочуената Норма Џин, со уметничко име Мерилин Монро, заснован на романот на Џојс Керол Оутс од 2000 година и со Ана де Армас во главната улога.

Пред светската премиера на филмот, Бред Пит, Де Армас, режисерот Ендрју Доминик, Адриен Броди и Џулијан Николсон привлекоа метеж на црвениот тепих – со обожавателите кои бараа автограми и по некој самослик.

По прикажувањето, освен Армас и Броди се расплака, а Пит беше видно задоволен.

Филмот ќе се прикажува во одредени кина почнувајќи од 16 септември, пред да стане достапен на Нетфликс на 28 септември. Тој е еден од многуте кандидати за Оскар што се прикажуваат во Венеција, каде што исто така е меѓу филмовите за награди на фестивалот на 10 септември.

Поврзани новости