Боки 13 по обвинувањето за шверц на брeндирани чевли: Се прави непотребна сензација, моите обврски кон државата се подмирени!

by fokus

По објавата на повеќе медиуми дека Боки 13 бил фатен како шверцува брендирани чевли и ремени, односно наводно ги внел во државата без да плати царина, за одговор го побаравме Боки 13, кој истакна дека нема што да демантира или потврдува.

-Нема што да демантирам или да потврдувам. Станува збор за спинувана информација и се прави непотребна сензација. Само ќе кажам дека моите обврски кон државата се подмирени, изјави Боки 13 за „Фокус“.

Во неделниот извештај на Царина постои информација дека едно лице било фатено со шверцувана стока.

Во патните торби на патник кој пристигнал со лет од Виена, биле пронајдени 15 пара обувки (машки и женски чевли, папучи и чизми), 3 машки ремени и 1 пар очила за сонце, од разни познати светски брендови. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка, велат од Царина.

Поврзани новости