Бочварски: Гасификација во секој дом, а ќе можеме да ги снабдуваме и Косово и Црна Гора

by fokus

Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, потенцира дека нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, па освен гас во секој дом, ќе ги снабдуваме и Косово и Црна Гора.

-Во врска со процесот на гасификација на државата пред две до три недели имавме посета, заедно со премиерот и со други министри направивме увид на кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, таму е 65 отсто готова работата. Кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот. Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора, изјави министерот за Сител.

Тој додава дека станува збор за голем проект, кој се поместува по 25 години.

-Нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, затоа што потоа проектот ќе продолжи кон Косово, односно ќе можеме да го снабдуваме Косово, а понатаму и Црна Гора, но и дома да имаме гас насекаде. Ова е огромен проект, кој немал 25 години поместување, а сега имаме сериозен прогрес кој ќе донесе бенефит на граѓаните, така ќе помогнеме на економијата, но и на домаќинствата, вели министерот за транспорт и врски Бочварски.

Поврзани новости