Поради штопирање на стара водоводна мрежа Ф-80 милиметри на улица „Лајош Кошут“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и улиците „Лајош Кошут“, „Карл Хрон“, „Модест Мусоргски“ и дел од „Темко Попов“ во населбата Триангла, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето е прекинато од 12:30 часот и ќе трае до завршување со работните активности.
Без вода се и корисниците на Добри Дол, кои од 13:00 часот имаат прекин во водоснабдување поради двоење во шахта, известуваат до Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
– На 03.01.2023 година поради двоење во шахта на улица 1/62 во Добри Дол, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Добри Дол, велат од претпријатието.
Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин се до завршување со работните активности.