Бан Ки Мун прв официјално се возел во мерцедесот од 580.000 евра

by Фокус

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, прв се возел во блиндираниот мерцедес од 580.000 евра, а по него се возлеле емирот од Катар, како и високи претставници од Европската Комисија.

Оваа информација на денешното судење за Тенк ја кажа сведокот Кирил Т. кој за време на набавката на мерцедесот бил советник на министерката Гордана Јанкулоска.

Тој посочи дека постоела потреба од набавка на вакво возило со висок степен на заштита.

-При посетата на странска делегација не беа обезбедувани со возило од највисок степен на заштита. Во повеке наврати министерката Јанкулоска го отстапуваше возилото наменето за нејзина заштита при посетата на странски делегации за да не биде безбедноста доведена во прашање. Во тој период министерката се превезуваше со возило кое не ги исполнуваше стандардите за безбедност – рече сведокот Киро Т.

Потребата од набавката на мерцедесот тоj ја оправда и со фактот дека претходно возилата се расипувале, па морало да се чека ново возило или делегациите да продолжат со несоодветно возило.

Сведокот одговори и дека и останатите возила со кои тогаш располагало МВР биле од марката мерцедес.

На прашање на обвинителите од СЈО дали свесокот бил овластен за безбедноста во МВР, односно задолжен по ова прашање, па самиот оценил дека имало потреба од набавка на мерцедесот, тој одговори дека само констатирал каква била состојбата.

Засега останува нејасно дали, освен официјалното прво возење, имало и тајно возење на мерцедесот, односно дали експремиерот Никола Груевски го испробал, бидејки според обвинението на СЈО, автомобилот бил набавен по вкус и желба на Груевски.

В.В.

Поврзани новости