Во своето прво обраќање во ударен термин како претседател, Џо Бајден рече дека сите возрасни ќе може да се вакцинираат до 1 мај, бидејќи според сегашните мерки, приоритет имаат луѓе според возраста и здравствената состојба. Тој се обрати на првата годишнина од прогласувањето на пандемијата на ковид-19, кој досега однесе половина милион животи во САД, повеќе од американските жртви во Првата и Втората светска војна и Корејската војна заедно.
Минатиот март, Доналд Трамп ги суспендираше патувањата од Европа и Бајден кажа дека се надева дека САД повторно ќе може да се отворат до Велигден.
-Ако го направиме ова сите заедно, има добри шанси со роднини и пријатели да се соберете во двор или во маало и со скара да го прославите не само Денот на независноста, туку и независност од вирусот, кажа Бајден.
Тој додаде дека ќе се зголеми бројот на местата каде што ќе се врши вакцинирање, што ќе можат да го спроведуваат и ветеринари и стоматолози.
Пред да влезе во Белата куќа, Бајден изјави дека неговата цел е 100 милиони Американци да се вакцинираат во првите 100 дена од неговиот мандат и сега кажа дека тоа ќе биде достигнато за 60 дена.
-Борбата е далеку од завршена. Сега не е време да се опуштиме, рече Бајден.