595
На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила дупка на улицата. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот, што, исто така, пропаднал во неа.
Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица биле во автобусот кога дошло до оваа трагична несреќа.
Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиците и патиштата во оваа земја настануваат заради честите и неадекватни градежни работи. МИА