Атиџе моли за помош, бара спас од насилниот сосед

by fokus

Ве молам помогнете ми некако, многу сум исплашена и вака веќе не можам да живеам, моли хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, преку порталот ММС.мк, која со години има проблеми со соседот.

Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо – вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.

Таа вели дека го пријавувала соседот во полиција досега многу пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.

– Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне. Од ден на ден е сѐ полош и полош – вели за ММС.мк, Атиџе.

 

Поврзани новости