Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе, застрелан од грб на политички собир

by fokus

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, каде што се бори за живот.

Напаѓачот е идентификуван и уапсен.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

Јапан тајмс пишува дека Абе – еден од најзначајните лидери во повоената историја на Јапонија – беше застрелан во градите додека држеше говор на улица во градот Нара во петокот во, како што изгледа, обид за атентат. Тој наводно е во состојба на кардиопулмонален застој.

Тој бил без свест кога итно бил пренесен во болница и крварел од градите. Полицијата го уапси човекот осомничен за нападот на Абе.

На снимките од инцидентот објавени на социјалните мрежи се слушаат два истрели.

Абе држел говор пред станицата Јамато Саидаиџи кога бил нападнат околу 11:30 часот. Средношколците кои биле сведоци на пукањето изјавиле за NHK дека еден човек дошол одзади и испукал два истрели.

„Првиот истрел звучеше како играчка базука, а човекот потоа се повлече по првиот“, рече студент. Откако напаѓачот го испукал вториот истрел, се појавило големо количество бел чад, додаде таа.

Абе бил пренесен преку медицински хеликоптер до Медицинскиот универзитет Нара во градот Кашихара, јужно од централна Нара, според NHK, кои ги цитирале претставниците на брзата помош.

Човекот е уапсен под сомнение за обид за убиство, а пиштолот е одземен, наведува телевизијата. NHK го идентификуваше човекот како Тецуја Јамагами, 41-годишен жител на градот Нара.

Премиерот Фумио Кишида, кој беше во префектурата Јамагата за да одржи говор за кандидатот на неговата Либерално-демократска партија пред изборите за Горниот дом во недела, полета назад во Токио. Сите министри, од кои многумина беа надвор од Токио поради изборната кампања, исто така беа повикани назад, изјави на прес-конференција главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно.

„Варварски чин како овој не може да се толерира од која било причина и ние цврсто го осудуваме“, рече Мацуно.

Поврзани новости