103
Откако денеска инспектори на Управата за финансиска полиција влегоа во Град Скопје, за да истражат како Данела Арсовска потрошила 30.000 евра за украсување, градоначалничката објави коментар на фејсбук.
-Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…, напиша Арсовска.
Таа досега не го објави јавно договорот за украсување, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки, но затоа ќе мора да им даде отчет на инспекторите од Управата.