598
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на советнички прашања, побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Гледам што зборува шпицниот градоначалник за оставките. Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе. Мицкоски немој да се закануваш, немој да се криеш, дојди тука во очи кажи ми што имаш, рече Арсовска.
Таа претходно одговараше на советничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски, за спорниот тендер од 125 милиони евра за прочистителна станица. Истакна дека до вчера му чинела на Мицкоски, но кога му ги фатила „директорчињата со рацете во медот“, тогаш одеднаш повеќе не му чинела.
В.В.