Апелација му ја потврди 3-годишната затворска казна на Кичеец за „Рекет“

by fokus

Апелацискиот суд му ја потврди тригодишната затворска казна на Зоран Милевски Кичеец, кој беше осуден по признание на вина во случајот „Рекет“. Тој до второстепениеот суд се жалеше за висината на изречената казна. Сепак судењето ќе се повтори во делот на одземените предмети на Кичеец.

-Апелацискиот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 8/20, во јавноста познат како „Рекет“, по одржана јавна седница на ден 02.09.2020 година, донесе пресуда со која жалбите на обвинетиот Зоран Милески од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, соопштија од Апелацискиот суд.

Вака донесената одлука, како што велат од Судот, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Поврзани новости