Димитар Апасиев му реплицираше на пратеникот Дамјан Манчевски, кој зборуваше за образот на мандатарот Зоран Заев, односно потсети дека си поднел оставка по недобивањето на датум за ЕУ.
Апасиев, пак му врати дека Заев требало да си даде оставка по неуспешниот референдум за името.
– Да ми прости ЛГБТ заедницата, но онака педерски го менувавте името. Заев требаше да си даде оставка по неуспешниот референдум за името.Така прават државниците, но не и трговците поединци од Струмица. Сега ќе бевме горди Македонци, а не Северномакедонци. Ова ви се последни избори на кои освојувате повеќе од 40 пратеници, рече Апасиев, кој додаде дека членовите на владата се шверцери на сопствените животи.
Претседателот Талат Џафери рече дека сите имаат право на слобода на говор, но истакна дека се надева дека со таков речник професорот Апасиев не им предава на своите студенти.