Апасиев бара уште „тројца“ јунаци за интерпелација на Џафери

by fokus

Пратеникот Димитар Апасиев бара уште тројца пратеници за да почнат постапка за интерпелација на претседателот на Собраниоето Талат Џафери.

-Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација.
Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот, вели Апасиев.

Инаку, синоќа по 22 часот, во Собранието завладеа напната атмосфера откако претседателот Џафери нареди да се заклучи вратата на собраниската сала, за да можат службите да ги пребројат присутните пратеници.

По ова, пратениците од опозицијата се собраа пред претседателот на Собранието, и бурно реагираа. Тој бараше од нив, да направат список на пријавени за збор по 15 точка – Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна.

Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците по што вратата на салата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници.

Поврзани новости