Од Алтернатива реагираат на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи ѝ да ги продолжи криминалните дејствија, а сега истите тие ја бркаат од владата.
-Апелираме до г-динот Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно политички пресметки со СДСМ. Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф. Алтернатива ниту била, ниту е, ниту ќе биде спасител за нечиј криминал. Ние сме единствената партија која од позиција на учесник во власта предложи уставен механизам за справување со политичка корупција. Би било добро ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став за предлогот на Алтернатива, реагираат од партијата.