Адвокатот на Кичеец: Притворот му е одреден незаконски!

by fokus

Александар Новаковски, адвокатот на Зоран Милевски-Кичеец, во разговор за „Фокус“, вели дека притворот кој му е одреден на Кичеец е незаконски.

-Притворот е незаконски, целата фела се изјасни. Веќе го обжаливме и сега чекаме одлука, изјави Новаковски за “Фокус”, појаснувајќи дека притворот на неговиот клиент му бил одреден по трите основи.

Според адвокатот Кичеец не само што не требало да заврши во притвор, туку и не можело веднаш да биде сослушан.

-Судија во преходна постапка од Гостивар по предлог на обвинителство отворило истражна постапка и побара притвор. И веднаш беше сослушан. Тоа не смееше да се дозволи, бидејќи Милевски е многу повреден. Го сликале по сообраќајката и да, по првичниот шок стои на нозе, но сега да го видите. Целиот е отечен, многу е повреден. Ова е сериозна работа, не смееше да  се сослуша при таква здравствена состојба, односно ниту да помислат да го сослушаат вчера, дециден е адвокатот, кој додава дека Милесвки завршил во притвор поради притисок од јавноста, бидејќи досега вакво нешто, како што вели, не видел.

Тој додава дека Кичеец утре требало да се врати во затворот во Струга, и на тој начин ќе бил обезбеден. На прашањето на „Фокус“ дали знаел каде одел Кичеец во моментот кога се случила сообраќајката, тој истакна дека ниту го прашал, ниту пак тоа е важно.

Кичеец од вечера се наоѓа во истражниот затвор Скопје, откако му беше одреден 30 дневен притвор, за учество во сообраќајка со смртни последици.

Тој издржува затворска казна од 3-години за случајот „Рекет“, во отвореното одделение во струшкиот затвор, а изминатиот период бил на слобода поради 30-дневен прекин добиен поради лекување.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости