194 казни во еден ден во Скопје: 96 се за пешаци

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 96 прекршоци што ги прават пешаците, 11 за возење без возачка дозвола, четири мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости