437
Полицијата лиши од слобода две момчиња од село Слупчане, во чие возило биле пронајдени 18 мигранти од Авганистан, пренесе МВР.
„На 05.09.2018 година околу 21.00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од с.Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесени соодветни поднесоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.