Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт.
Еден од уапсените лица е 19-годишно момче со потекло од Македонија.
Тој е уапсен во Терница, додека второто лице е уапсено во Виена.
Во рамките на акцијата за апсење, извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж кој е уапсен, при што се одземени одредени предмети, како и пронајдените „хемиски материи“. Момчето наводно работело за хемиска компанија.
Според неофицијални информации, неколку недели претходно се заколнал на лојалност на терористичката организација Исламска држава (ИД), а соседите за медиумите изјавиле дека неодамна забележале промена во однесувањето на младиот човек.
Своите планови за терористички напад наводно ги споделил со друг симпатизер на ИД преку смс пораки, а полицијата заклучила дека токму на концертот можел да биде изнеден нападот, според неговите пребарувања.
Дотичниот 17-годишник истиот ден бил уапсен во Виена, но засега не се знае како точно бил вмешан во целиот план. Наводно е вклучен и трет млад човек, но тој моментално е во бегство.