19-годишник од Кочани си го убил својот дедо со камен

by fokus

Полициски службеници приведоа 19-годишно момче од Кочани под сомнение дека го усмртил својот дедо удирајќи го со камен и метален предмет по главата.

„На 30.03.2019 во СВР Штип било пријавено дека околу 13.00 часот во Клиничката болница Штип починал С. М.(66) од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата. Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител“, информираа од полицијата.

Поврзани новости