392
19 годишен скопјанец доби кривична пријава поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“, велат од МВР.
„Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ц.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана“, додаваат оттаму.