19-годишен прилепчанец извршил полов напад врз 13-годишно девојче

by fokus

19-годишно момче од Прилеп заработи кривична пријава, поради сторено дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Тој и девојчето една седмица престојувале во напуштена куќа.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против  С.А.(19) од Прилеп за сторено кривично дело ,,полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Во периодот од 03.12.2018 до 11.12.2018 година во Прилеп, во напуштена куќа, пријавениот престојувал заедно со тринаесетгодишна девојка, при што имале и полови односи“, велат од МВР.

Поврзани новости