185 возачи казнети вчера во Скопје

by fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Поврзани новости